Во Декември 2024 година, со поставување на модерен фотоволтаичен систем за производство на електрична енергија, ЈЗУ Психијатриска болница Негорци стана првата јавна здравствена установа која дел од потребите за електрична енергија ќе ги обезбедува сама, од природни, обновливи извори на енергија, од сонцето. Со ова се придонесува како за намалување на трошоците за електрична енергија, така се придонесува кон помало загадување и почиста природна околина. Со оваа инвестиција, болницата значително ќе ги намали сметките за струја со што ќе останат повеќе средства за подобрување на условите за живот на пациентите.