Пред почеток на грејната сезона, при крајот на Септември 2024 година, се изврши чистење на цистерната за Екстра лесно масло за горење. Оваа цистерна е во употреба повеќе од 25 години, а чистењето беше неопходно бидејќи имаше голема количина на талог во внатрешноста. Истовремено се изврши и дислокација на истата со цел да се извршат градежни активности со изградба на бетонска основа со стопи кои би ја осигурале стабилноста на цистерната. При вкопувањето на оваа цистерна пред повеќе од 25 години истата била само вкопана во земја без да се направи соодветна бетонска подлога, а со текот на времето истата беше поместена како резултат на немањето здрава подлога со што постоеше ризик од посериозни оштетувања. Паралено со овие градежни активности беше истата обработена со нов заштитен слој со цел да биде заштитена од подземни влијанија, беше поставен и дренажен систем на самата цистерна.




















