Во Март 2025 година се набавени нови, висококвалитетни душеци од реномираниот домашен производител „Алмеро“ од Гостивар. Истовремено е набавена и постелнина како чаршафи, перници и навлаки за перници. Во ЈЗУ Психијатриска болница Негорци се грижиме за квалитетен престој на болните па овие замени на душеците и постелнината се вршат редовно на неколку години, а по потреба и почесто.